ПРИЈАТЕЛ НА ОХРИДСКО ЛЕТО
MK EN AL

Кога ќе го активирате „Гласот на Охридското Езеро", вие го слушате на 5 километри од неговиот брег, каде што царуваат недопрената кристална вода и живиот свет. Кога истата музика ќе ја чуете со вклучен човечки фактор, слушате „преведени" податоци и примероци од близината на брегот.


Иако Охридското Езеро претставува огромна водена маса и има одличен систем за самопрочистување, луѓето на него можат да влијаат на повеќе начини, притоа доведувајќи ги во опасност некои од најранливите претставници на живиот свет во езерото и на неговите брегови. Доколку сакаме волшебниот глас на езерото да биде зачуван, да внимаваме на нашето најголемо богатство и да му ја дадеме почитта што ја заслужува.